Macedonian - македонски

Информации за тест за возење на македонски јазик

Направете повеќе онлајн (преку интернет) со сметка на myVicRoads

Најбрзиот начин да ја платите регистрацијата, да ја обновите дозволата, да дојдете до сите информации за вашето возило или да ги ажурирате вашите лични податоци онлајн е преку сметка на myVicRoads. Пријавувањето е бесплатно!

Отворете сметка на myVicRoads

Што треба да донесете на вашиот закажан термин

На оваа страна ќе најдете информации за тоа што треба да донесете на вашиот закажан термин за Тест за дозвола за учење за возење, Тест за согледување на опасност или Тест за возење, во Центар за услуги на клиенти (Customer Service Centre).

Користење устен или писмен преведувач

Како можам да користам (устен) преведувач?

Ако ви треба помош да закажете термин или да пополните формулар, може да побарате помош од роднини, пријатели или канцеларија на VicRoads.

Ако ви треба преведувач или помош за полагање на тест од VicRoads, ќе треба да посетите Центар за услуги на клиенти (Customer Service Centre) (External link) на VicRoads и ние ќе можеме да го закажеме тоа за вас.

Нарушувања на говорот и слухот

Ако имате нарушување на говорот или слухот, може да користите Auslan преведувач за вашиот тест.

За да зборувате со нас преку телефон, контактирајте нè преку National Relay Service (External link).

  • TTY корисници - јавете се на 13 36 77 и потоа побарајте 13 11 71
  • Speak and Listen корисници - јавете се на 1300 555 727 и потоа побарајте 13 11 71

Преведување на вашата возачка дозвола, дозвола за учење за возење (learner permit) или документи

Ако вашата возачка дозвола или дозвола за учење за возење (learner permit) не е на англиски јазик, мора да ви ја преведе било кој NAATI акредитиран преведувач или соодветен конзулат во Австралија.

Може да треба да платите.

Важечка меѓународна дозвола за возење исто така може да биде прифатлива за превод на возачка дозвола од странство.

Меѓународната дозвола за возење треба да биде издадена од земјата во која е издадена возачката дозвола од странство.

Ние ги препорачуваме следните NAATI акредитирани писмени преведувачи:

Тест за дозвола за учење за возење (Learner Permit) лице во лице

Не заборавајте да донесете:

  • Копија од потврдата за вашиот закажан термин погоре.
    Ова може да се испечати или прикаже на вашиот телефон.
  • Пополнета PDF апликација за дозвола или дозвола за учење за возење (learner permit).
  • Вашиот оригинален доказ за идентитет.
  • Доказ дека живеете во Викторија.
    Ако немате доказ за вашата адреса во Викторија (на пример, извештај од банка, сметка за комунални услуги или договор за изнајмување), обезбедете некој да ви ја потпише деклерацијата за живеалиште во Викторија, на формуларот за апликација.
  • Оригиналот на вашата дозвола од странство
  • NAATI одобрен превод на англиски јазик на вашата дозвола или меѓународна дозвола за возење (потребно само ако вашата дозвола од странство не е на англиски јазик)
  • Вашите очила или контактни леќи (ако ви се потребни да положите тест за вид).
  • Било какви медицински извештаи (External link) (ако имате заболување или земате препишани лекови кои би можеле да влијаат на вашата способност за возење).
  • Плаќање на потребниот надомест (External link).

Како да се подготвите за вашиот тест

Прочитајте го road to solo driving handbook PDF или тестирајте се со тест за вежбање (External link).

Како да го презакажете терминот за ново време

Ако треба да го презакажете терминот за ново време, тоа треба да се направи најмалку 24 часа порано, а ќе треба да се плати надоместок.

Откако терминот ќе се закаже, може да го смени само лицето за кое терминот е закажан.

Дали имате некое заболување?

Ако земате препишани лекови или имате заболување кои би можеле да влијаат на вашата способност за возење, ќе треба да нѝ кажете и да доставите соодветни медицински извештаи (External link).

Безбедносни работни процедури за закажани термини

За да се заштитат здравјето и благосостојбата на сите клиенти и персонал, ќе бидат воведени строги протоколи за хигиена во нашите Центри за услуги на клиенти (Customer Service Centre).

Никој не треба да доаѓа на закажан термин ако не се чувствува добро.

Тест за согледување на опасност, лице во лице

Не заборавајте да донесете:

  • Копија од потврдата за вашиот погоре закажан термин.
    Ова може да се испечати или прикаже на вашиот телефон.
  • Вашата дозвола за учење за возење (learner permit) или доказ за идентитет.
  • Оригиналот на вашата дозвола од странство (ако ја имате).
  • NAATI одобрен превод на англиски јазик на вашата дозвола или меѓународна дозвола за возење (потребно само ако вашата дозвола од странство не е на англиски јазик).

Како да се подготвите за вашиот тест

Направете го нашиот тест за вежбање за согледување на опасност (External link).

Како да го презакажете терминот за ново време

Ако треба да го презакажете терминот за ново време, тоа треба да се направи најмалку 24 часа порано, а ќе треба да се плати надоместок.

Откако терминот ќе се закаже, може да го смени само лицето за кое терминот е закажан.

Безбедносни работни процедури за закажани термини

За да се заштитат здравјето и благосостојбата на сите клиенти и персонал, ќе бидат воведени строги протоколи за хигиена во нашите Центри за услуги на клиенти (Customer Service Centre).

Никој не треба да доаѓа на закажан термин ако не се чувствува добро.

Тест за возење

Не заборавајте да донесете:

  • Копија од потврдата за вашиот закажан термин погоре. Ова може да се испечати или прикаже на вашиот телефон.
  • Вашиот оригинален доказ за идентитет.
  • Соодветно возило.
  • Оригиналот на вашата дозвола од странство
  • NAATI одобрен превод на англиски јазик на вашата дозвола или меѓународна дозвола за возење (потребно само ако вашата дозвола од странство не е на англиски јазик)
  • Плаќање на потребниот надомест.
  • Вашиот пополнет дневник или да ги имате внесено часовите во апликацијата myLearners (External link) ако сте помлади од 21 година.

Како да се подготвите за вашиот тест

Дали имате некое заболување?

Ако земате препишани лекови или имате заболување кои би можеле да влијаат на вашата способност за возење, ќе треба да нѝ кажете и да доставите соодветни медицински извештаи (External link).

Безбедносни работни процедури за закажани термини

За да се заштитат здравјето и благосостојбата на сите клиенти и персонал, ќе бидат воведени строги протоколи за хигиена во нашите Центри за услуги на клиенти (Customer Service Centre).

Никој не треба да доаѓа на закажан термин ако не се чувствува добро.

Доказ за идентитет

Вид на документи за идентитет

Можеби ќе треба да обезбедите доказ за вашиот идентитет при регистрирање на возило или добивање дозвола.

За да се потврди вашиот идентитет мора лично да одите во Центар за услуги на клиенти (Customer Service Centre).

Без точните документи нема да можете да ја пополните вашата апликација.

Кои документи за идентитет ми се потребни?

Најмногу што ќе треба да обезбедите за секоја апликација е:

  • еден доказен документ од Категорија А (доказ за постоење и врска помеѓу идентитетот и барателот, на пример, пасош или целосен австралиски извод од матичната книга на родените - оригинали, не фотокопии или заверени фотокопии)
  • еден доказен документ од Категорија Б (доказ за користење на идентитетот во заедницата, на пример, Medicare или банкарска картичка)
  • доказ за живеалиште во Викторија (ако вашата адреса не е прикажана на документите од Категорија А или Категорија Б)
  • доказ за промена на име (ако вашето име е различно на документите од Категорија А и Категорија Б).

Давањето лажни и/или погрешни информации или документи е сериозен прекршок според

Road Safety Act 1986 и/или Marine Safety Act 2010 и може да резултира со парична казна или затвор.

Секое овластување или одобрение, дадено како резултат на тоа што вие ги дадовте таквите информации/документи, може да биде поништено и да не биде важечко.

Прифатени документи за идентитет

Името на вашите документи од Категорија А и Категорија Б треба да го прикаже вашето презиме и име во целост и во истиот редослед.

  • Ако имате повеќе од едно прво (лично) име, првото име мора да се појави на двата документи.
  • Ако имате повеќе од едно презиме, сите имиња мора да се појават на двата документи.

Дејствување во име на друго лице или компанија

За да регистрирате возило во име на некој друг, ќе ви треба потпишан Формулар за овластување за дејствување како агент (Authority To Act As An Agent Form) [PDF 253 Kb] (External link).

Одете на Регистрирај се во име на некој друг (External link) за повеќе информации.

Документи од Категорија А

Документите од Категорија А треба да ги прикажуваат вашето презиме, име и датум на раѓање.

Документите треба да бидат тековни или со рок на важење што не истекол пред повеќе од две години.

Прифатливи документи од Категорија А

  • Австралиска возачка дозвола со фотографија или дозвола за учење за возење (learner permit) со фотографија.
  • Викториска поморска дозвола со фотографија.
  • Викториска дозвола за огнено оружје со фотографија.
  • Викториска картичка со фотографија за член од обезбедување/контролор на толпа (Security Guard/Crowd Controller).
  • Австралиски пасош.
  • Странски пасош (Ако е истечен повеќе од две години, тој е прифатлив ако е придружен со тековна австралиска виза).
  • Потврда за идентитет издадена од Passport Office.
  • Конвенционален патен документ издаден од Passport Office.
  • Документ за идентитет издаден од Passport Office (обично издаден за патници кои патуваат до островот Норфолк).
  • Австралиска картичка за идентификација со фотографија на полицаец.
  • Конзуларна картичка за идентификација со фотографија издадена од Department of Foreign Affairs and Trade.
  • Целосен австралиски извод од матична книга на родените издаден од Регистар на родени, умрени и венчани (Births, Deaths and Marriages) (Забелешка: изводите од раѓање и комеморативните изводи не се прифаќаат).
  • Австралиски сертификат за натурализација или државјанство, или документ за патување во Австралија или ImmiCard (истечен не повеќе од 2 години), издаден од Department of Immigration and Citizenship или Passport Office.
  • Картичка со фотографија од Нов Јужен Велс (NSW RMS по 14 декември 2008 година).
  • Картичка за раѓање (издадена од NSW RMS пред август 2008 година).

Ве молиме зебележете: Обезбедувањето лажни и/или погрешни информации или документи е сериозен прекршок според Road Safety Act 1986 и/или Marine Safety Act 2010 и може да резултира со парична казна или затвор.

Секое овластување или одобрение, дадено како резултат на тоа што вие ги дадовте таквите информации/документи, може да биде поништено и да не биде важечко.

Документи од категорија Б

Еден од следните документи којшто е тековен.

  • Картичка за идентификација со фотографија издадена на вработен во сојузна или федерална влада.
  • Medicare картичка.
  • Картичка од Department of Veterans Affairs card.
  • Картичка Pensioner Concession.
  • Тековна картичка за право издадена од Commonwealth.
  • Студентска картичка за идентификација.
  • Било која австралиска или странска кредитна картичка или сметковна картичка од банка, градежно друштво или кредитна унија.
  • Картичка за Проверка за работење со деца (Working with Children Check).
  • Австралиска картичка за доказ на возраст.
  • Австралиска картичка Keypass.
  • Картичка со фотографија за идентификација издадена од Australian Defence Force (не вклучувајќи го цивилниот персонал).

ИЛИ

Еден од овие документи, стар не повеќе од една година (прифатливи се електронски извештаи на уред (на пр. мобилен телефон или таблет) и испечатени изјави од интернет):

  • книшка или извод од банкарска сметка со видлив меморандум или печат на институцијата
  • сметка за телефон, за гас или за електрична енергија со видлив меморандум или со печат на институцијата
  • писма од ATO, Centrelink, банка и Medicare со видлив меморандум или печат на институцијата.

ИЛИ

Еден од овие документи што не е постар од две години:

  • сметка за вода, сметка од општински данок или известување за проценка на земјиштето
  • картичка за запишување во избирачки список или друг доказ за запишување
  • Документи за отпуштање од вооружените служби
  • тековна картичка за идентификација со фотографија издадена од Victorian Driving Authority.

Документи од категорија Ц - Промена на адреса

Ќе ви треба еден од следните документи доколку вашата адреса во Викторија не е прикажана или е различна, на документите за доказ од Категорија А или Категорија Б:

  • договор за продажба, закуп или документ за изнајмување што ја покажува вашата сегашна адреса
  • тековно известување за обновување на возачка дозвола или за регистрација на возило
  • Australian Taxation Office Assessment (последната или тековната финансиска година)
  • друг документ од Категорија А или Категорија Б кој ја покажува вашата моментална адреса.

Ако сè уште не можете да поднесете докази за вашето живеалиште во Викторија, мора да доставите изјава од сведок која мора:

  • да биде потпишана од носител на возачка дозвола од Викторија, кој ве познава 12 месеци или повеќе, и ги вклучува името на сведокот, бројот на дозволата и потпис.
    Оваа изјава може да се даде со апликацијата за дозвола за учење за возење (learner permit) или со апликацијата за дозвола.

Документи за Категорија Д - Промена на името

Ќе ви треба еден од следниве документи ако вашето име е различно на документите за доказ од Категоријата А и Категорија Б.

  • Извод од Матичната книга на венчаните издадена од регистратор при Регистар на родени, умрени и венчани (Births, Deaths and Marriages) во Австралија.
  • Документи за развод (кои го покажуваат името кое се враќа назад).
  • Deed Poll (издаден пред ноември 1986 година во Викторија).
  • Потврда за промена на името (Change of Name Certificate) (издаден на и по ноември 1986 година во Викторија).

Документи за идентификација за компанија

Ако возилото треба да се регистрира (registered) за компанија, потребно е едно од следниве:

  • Број на австралиска компанија (Australian Company Number) (ACN)
    • Кога е регистрирана (registered), секоја австралиска компанија добива единствен деветцифрен идентификациски број познат како Број на австралиска компанија (Australian Company Number).
      Бројот мора да биде прикажан на секој јавен документ кој е издаден, потпишан или објавен од, или во име на компанијата* или
  • Потврда за регистрација (Certificate of Registration)
    • Покрај ACN, ASIC на секоја регистрирана (registered) компанија ѝ издава Потврда за регистрација (Certificate of Registration), или
  • Сертификат за основање (Certificate of Incorporation).

* Австралиски број на бизнис (Australian Business Number) (ABN) се разликува од ACN.

ABN е единствен единаесетцифрен број за употреба во деловни дејности со Australian Taxation Office и за дејности со други владини агенции.

Регистрирани (registered) компании и деловни енитети кои вршат дејност во Австралија можат да аплицираат за ABN.

Забелешка: Австралиските броеви на бизнис (Australian Business Number) (ABN) не се прифатлив доказ дека телото е инкорпорирано тело.

За да дејствувате во име на компанија

Мора да доставите:

  • доказен документ за идентификација од Категорија А или Б
  • оригинално писмо за овластување од директорот на компанијата или од компанијата на инкорпориран меморандум.
    Писмото треба да ги содржи следните информации:
    • цело име на компанијата и адресата на меморандум
    • Број на австралиска компанија (Australian Company Number) (ACN) или Сертификат за основање (Certificate of Incorporation)
    • име на лицето кое делува во име на компанијата
    • листа на активности што можат да се извршат во име на компанијата (на пр. обновување на регистрацијата).

Формулар за овластување за дејствување како агент (Authority to Act as an Agent Form) [PDF 253 Kb] (External link) е прифатлив ако компанијата нема меморандум.

Следниве активности не можат да се вршат во име на некој друг:

  • да се полага тест
  • да се купи работен дневник
  • да се фотографира

Was this page helpful?

 

Please tell us why (but don't leave your personal details here - message us if you need help or have questions).