Нови сообраќајни правила за мобилни телефони и други уреди
Се воведуваат нови правила на патиштата кои ја регулираат употребата на низа мобилни, погодни за носење и вградени уреди додека возите возило или мотор. Правилата се дизајнирани за да им помогнат на луѓето да бидат безбедни на нашите патишта.
Правилата опфаќаат:
- Мобилни уреди (неприцврстен мобилен телефон, таблета);
- Уреди за носење (паметни часовници, heads-up дисплеј што може да се носи);
- Вградени уреди (информации, навигација и системи за забава, heads-up дисплеј кој е вграден дел од возилото);
- Монтирани уреди (Heads-up дисплеј, таблета, мобилен телефон, медиа плеер и др. доколку се прицврстени во или на возилото); и
- Уреди на заштитна кацига за мотор.
Возачите кои поседуваат полна возачка дозвола воопшто не смеат да допрат неприцврстен мобилен уред, како што е телефон, таблета, лаптоп или било каков друг уред додека возат.
Поради зголемениот ризик на безбедноста на патиштата, возачите со L и P ознака подлежат на повеќе ограничувања. Видете го делот подолу за повеќе информации.
Возачи со полна возачка дозвола
За сите видови на уреди (мобилни, монтирани, уреди за носење и вградени) не смеете додека возите:
- Да внесувате текст, броеви или симболи
- Да скролате (како веб страници, социјални мрежи и плеј-листи)
- Да играте видео игри или да правите видео повици
- Да прикажувате или читате текстуални пораки, социјални мрежи, емајлови, или фотографии
- Да оставате уред на било кој дел од телото, или да подавате уред на друг патник.
Мобилни уреди како што се немонтирани или неприцврстени мобилни телефони, таблети, лаптопи, медиа плеери и уреди за игри
Кога возите (освен ако сте паркирани), не смеете:
- Да допирате мобилен уред, дури и ако е исклучен
- Да дозволите мобилен уред да ви стои во вашиот скут или на било кој друг дел од телото или алиштата (освен ако е во џеб, или во торбичка која е прикачена за вашиот појас или на друг дел од телото)
- Да гледате во екран или уред кој е користен од друго лице во возилото
- Да подавате мобилен уред на патник
- Доколку сте патник, да подавате мобилен уред на возач
Можете:
- Да го поврзете вашето возило на Bluetooth и да го ставите уредот надвор од видното поле и дофат пред да почнете да возите.
- Да користите мобилен телефон или друг уред за да платите на поминување низ drive-through.
Монтирани мобилни уреди или вградени системи (како што се навигација или системи за забава)
Како општо правило, возачите можат да ги користат нивните монтирани или вградени системи за функции како музика или навигација, се додека не пишуваат текстови, скролаат или гледаат слики или видеа (погледнете ја листата на забранети активности погоре).
За овие уреди, можете само да да го допрете уредот на кратко за:
- Да иницирате, прифатите или одбиете аудио повик
- За пуштање или емитување на аудио материјал
- Да ги прилагодите нивоата на јачина на звук
- Да користите функција на уредот да ви помогне за управување на возилото
- За користење на функцијата навигација
- За користење на функција на уредот дизајнирана за следење на однесувањето на возачот или состојбата, или
- За извршување на професионална возачка дејност
Заштитни кациги за мотори
Единствените дејства што возачите на мотори можат да ги прават при ракување со уредите на заштитните кациги се ограничени на кратко допирање на уредот или користење гласовни команди за:
- Иницирање, прифаќање или одбивање аудио повик
- За пуштање или емитување на аудио материјали
- Користење на функција на уредот дизајнирана да му помогне на возачот да го управува возилото
- Користење на функцијата навигација на уредот
- Користење на функцијата на уредот дизајнирана за следење на однесувањето на возачот или состојбата (како монитор за срце)
- За извршување на професионална возачка дејност, или
- За прилагодување на нивоата на јачина на звукот за било која од горенаведените.
Паметни часовници, паметни очила и heads-up дисплеи
Кога возите (освен ако сте паркирани) не смеете:
- Да го допирате уредот (освен ако е случаен контакт предивикан од носењето на уредот)
- Да го користите уредот, на пример, за било кој од следниве:
- Читање или пишување на текстови како пораки или емајлови
- Гледање социјални мрежи или фотографии
- Вклучување во видео повици
- Користење на функцијата навигација на уредот
- Користење на функцијата на уредот дизајнирана за следење на однесувањето на возачот или состојбата
- За извршување на професионална возачка дејност.
Сепак, можете да ги правите следните, но само доколку ги користите гласовните команди:
- Иницирање, прифаќање или одбивање аудио повик на уредот
- Пуштање или емитување на аудио материјали на уредот
- Прилагодување на нивоата на јачина на звукот.
Возачите со L и P ознаки
Возачите со L и P ознаки се предмет на повеќе ограничувања кога станува збор за невнимателно возење.
Мобилни уреди не смеат да се користат на било каков начин. Ако сакате да го користите вашиот мобилен телефон за музика или навигација, истиот мора да биде прицврстен (видете го делот за монтирани мобилни уреди).
Додека возат кола или мотори, возачите со L и P ознаки не смеат:
- Да користат мобилни уреди (како мобилни телефони, таблети или лаптопи) на било каков начин, вклучувајќи за јавување или навигација
- Да користат гласовни команди за управување со било кој уред
- Да внесуваат текст, броеви или симболи
- Да скролаат (како веб страници, социјални мрежи, плеј-листи)
- Да гледаат видео или да играат игри или да прават видео повици,
- Да гледаат текстуални пораки, социјални мрежи, емајлови, или фотографии
- Да го оставаат уредот на било кој од телото, или да го подаваат на друг патник
Мобилни (немонтирани) уреди, вклучувајќи телефони, таблети и лаптопи, и уреди кои се носат (паметни часовници, паметни наочари и heads-up дисплеи)
Не смеете воопшто да допирате, користите или управувате неприцврстени уреди или уреди кои се носат додека возите, дури ни кога користите гласовни команди или сте ги наместиле однапред. Не постојат исклучоци од ова правило.
Исто така, не смеете да го гледате екранот на вашиот уред додека возите, или друг патник да ви покажува екран, или да ви дава уред.
Можете да погледнете во вашиот паметен часовник за да проверите колку е часот, доколку не го допирате или доколку се потребни гласовни команди.
Монтирани мобилни уреди или вградени системи (како навигација, климатски уред или системи за забава)
Како возач со L или P ознака можете да:
- Монтирате уред ако монтажата е комерцијално дизајнирана и произведена за таа намена.
- Да користите монтирани уреди само за навигација или да слушате аудио (како музика или подкастови) под услов да се наместени пред да почните да возите. Морате да застанете и да паркирате ако сакате да ја смените песната или да внесете друга адреса. Не смеете да допирате монтиран уред за било каква причина во текот на возењето.
- На кратко да го допрете вашиот вграден уред за да ја наместите навигацијата, климатскиот уред или аудио функциите (како на пр. радиото).
Паметни часовници, паметни очила и heads-up дисплеи
Уреди кои се носат не смеат да бидат користени во никој случај од возачите со L и P ознаки.
Не смеете:
- Да го допирате уредот (освен ако е случаен контакт предивикан од носењето на уредот)
- Да го користите уредот преку гласовни команди
- Да гледате во екран на уред што се носи кој се користи од друго лице на моторот
Заштитни кациги за мотори
Освен користење на уредот за слики или информации поврзани со безбедноста или работата на моторот, возачите со L или P ознаки можат да го користат уредот на заштитната кацига на моторот само за:
- Пуштање или емитување на аудио материјал (музика, подкастови, аудио книги)
- Навигација
Меѓутоа, не смеете:
- Да го допирате уредот или да ги користите гласовните команди кога го правите горенаведеното.
Функциите треба да бидат наместени пред да се започне со возење, и морате да застанете да ги смените функциите.
Казни
Незаконското користење на мобилни телефони (или на други уреди) носи парична казна од 555 долари и четири (4) казнени поени.